ФОТОГАЛЕРИЈА: Победничко „романтично“ загревање за новата сезона во Првата лига

Работнички на убав начин, со победа против Борец на пријателскиот натпревар кој се одигра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, ги заокружи контролните дуели пред стартот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

За победничко „романтично“ попладне во Скопје се погрижи 17-годишниот Лука Станковски кој во 65. минута постигна прекрасен погодок за триумф.

Во првото коло од новата сезона во ПМФЛ, на 9. август тимот на Ратко Достаниќ гостува против Македонија ЃП во Ѓорче Петров.

 

Се вчитува...