ФОТОГАЛЕРИЈА: Заврши ерата на „Циле“, Димевски дојде на чело на МОК

Ерата на Васил Тупурковски како претседател на Македонскиот Олимписки Комитет и официјално заврши вечерва, со изборот на Даниел Димевски за нов предводник на „домот на олимпизмот“ во нашата земја. Тупурковски во иднина ќе ја има функцијата почесен претседател, а Димевски пред себе одговорната задача да го покрене МОК во посакуваниот ритам, по општиот впечаток дека оваа институција не ги исполнува очекувањата како двигател на спортот во Македонија.

Собранието почна тензично, со препукувања меѓу двете страни, за на крајот Војнеска – Зикова да се откаже, а Димевски да триумфира во оваа трка во која наградата е – „престолот“ во МОК.

Поранешниот претседател на КФМ веднаш најави дека за една година ќе организира ново Собрание, а во меѓувреме ќе се бори за да го врати спортот на посакуваните насоки. За доброто на сите, мора што поскоро да почне зборовите да ги претвора во дела – затоа што речиси сите спортови во последните години вртоглаво ни се движат во надолна линија.

Се вчитува...