Фотографијата која ја воодушеви Италија – „Тоа е фудбалот кој сакам да го гледам“

Болоња и Наполи ремизираа 1-1 во натпревар од 33. коло во Серија А. И покрај убавата фудбалска претстава на теренот, сепак шоуто го украдоа тренерите на двата клуба.

Синиша Михајловиќ и Џенаро Гатузо со години беа жестоки ривали на теренот, а сега се во иста позиција откако преземаа тренерски функции. Сепак, тоа не ги спречи пред натпреварот да седнат еден до друг на клупата на домаќините и неколку минути да разговараат како стари пријатели. Нивната дружба ги воодушеви италијанските љубители на фудбалот.

„Тоа е фудбалот кој го сакам“, е само еден од многуте коментари на социјалните мрежи. 

Стратегот на Наполи, Гатузо по натпреварот откако дозна дека дружбата со Михајловиќ предизвикала големи воодушевувања иако двајцата се бескропулозни борци на шала изјави дека тој само лае, а не каса, за разлика од Синиша кој знае и да загризе.

Се вчитува...