Франција без Карабатиќ и без Мае на ЕП 2020

Селекторот на француската репрезентација, Дидие Динар, го скрати списокот на „триколорите“ објавувајќи ги имињата на 18-те ракометари кои треба да се појават на првиот ден од подготовки.

Динар за овој европски шампионат нема да може да смета на двајца ракометари кои беа стандардни во последните години, пивотот Лука Карабатиќ и бекот Кентан Мае, кои заработија незгодни повреди при клупските настапи и сега нема да можат да настапат за Франција на ЕП 2020.

Дури и без помошта на двајцата одлични ракометари Французите имаат извонреден состав со кој ќе ја напаѓаат европската круна. Главен адут повторно ќе биде Никола Карабатиќ, помогнат од младата француска генерација предводена од Мем, Фабрегас, Ричардсон, Пранди…

„Триколорите“ се дел од групата „Д“ од европскиот шампионат, заедно со селекциите на Норвешка, Португалија и БиХ.

Се вчитува...