Франција без Мбапе на Олимписките игри

Селекцијата на Франција нема да ја има поддршката од Килијан Мбапе во походот по златото на Олимписките игри, објавија француските медиуми.

Како причина за ваквата одлука на фудбалерот на ПСЖ е густиот распоред во кој покрај завршницата на оваа сезона, следи и Европското првенство кое завршува десет дена пред почетокот на фудбалскиот турнир во Токио.

Пред 22-годишникот е и одлука за продолжување на неговата кариера со оглед на тоа што договорот со тимот од Париз истекува ова лето. За неговите услуги се заинтересирани европските гиганти, но Французинот е се поблиску до продолжување на договорот со тимот од „Паркот на принцовите“.

Се вчитува...