Франција слави, Романија против Македонија ќе брка главна фаза на ЕП (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Актуелниот олимписки шампион Франција го забележа и вториот триумф на Европското првенство откако вечерва славеше против Романија со 35-21 во натпревар од 2. коло од Ц групата.

Французинките сигурно го отворија мечот. Силната одбрана која што е главна карактеристика на Французинките ја покажаа на високо ниво и во првото полувреме против Романија по кое на пауза заминаа со предност од 17-11.

Во второто полувреме избраничките на Оливер Крумболц само рутински го приведоа мечот за нов убедлив триумф од 35-21.

Во последното трето коло Франција против Холандија ќе одлучува во директен дуел за првото место во сегментот Ц, додека нашата репрезентација против Романија ќе брка главна фаза на ЕП. Естел Нзе Минко со шест гола беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените по пет постигнаа Грозав и Неагу.

Во вториот натпревар од вечерашната понуда на еврошампионатот во групата Д која се игра во Подгорица, Полска славеше над Шпанија со 22-21.

Се вчитува...