Кошаркарите на Франција им се реваншираа на Србите за поразот во Белград откако вечерва во трилер меч на домашен терен славеа во контролен натпревар со 91-90.
Французите одиграа подобро полувреме по кое имаа голема предност, но како одминуваше натпреварот Србија играше се подобро па успеа да го внесе мечот во неизвесна завршница.
Прво Гудуриќ на пет секунди до крајот погоди за минимална предност од 89-90, но Франција успеа да слави победа откако со звукот на сирената Хорд погоди за победа од 91-90.
FRANCE GAME WINNERRRRRRRRRRRRR https://t.co/e7vGDZOJVc pic.twitter.com/nxexzd5sla
— Bala (@BalaPattySZN) August 23, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
