Килијан Мбапе отворено зборува за својата желба да ја освои Златната топка во последните недели, но неговата медиумска кампања наиде на жестоки критики во Франција. Даниел Риоло, познат француски новинар и коментатор рече дека начинот на кој напаѓачот на Реал Мадрид се обидува да ја добие наградата станува „непријатен“.
Мбапе неодамна даде серија интервјуа во кои објаснува зошто мисли дека ја заслужува Златната топка. Tој нагласи дека ова е индивидуална награда и ги истакна бројките за неговите голови од минатата сезона, a токму ова интервју предизвика реакција на Риол.
„Изгледа како украден автомобил“
„Тој одигра катастрофален натпревар против Атлетико. Златната топка е негова моментална опсесија. Она што го кажува во тоа интервју е толку демагошко. Тој доаѓа со украси и конфети. Можете да го видите од 1000 километри. Изгледа како украден половен автомобил“, вели Риоло.
Францускиот новинар смета дека Мбапе отишол предалеку со своите обиди да ја убеди јавноста и гласачите.
„Станува досадно. Постои огромно претерување кога станува збор за него, за тоа што тој носи во тимот или што не носи. Не разбирам ништо во оваа кампања. Ја разбирам крајната цел, но никогаш не сум почувствувал дека целта ги оправдува средствата. Тоа е како кога луѓето велат дека во фудбалот само резултатот е важен“, продолжи Риоло.
🌕 Daniel Riolo revient sur l’interview de Mbappé à RFI :
“Ça devient gênant (…) Je ne comprends rien à cette campagne. La façon dont il est en train de construire ce succès, s’il y en a un, me donne un goût amer.” pic.twitter.com/iTZqHNScc6
— After Foot RMC (@AfterRMC) September 22, 2026
„Ми остава горчлив вкус“
Потоа Риоло дополнително објасни зошто го вознемирува начинот на кој францускиот капитен ја води кампањата.
„Нема да кажам дека тоа би била помалку вредна Златна топка, но начинот на кој го гради тој успех, ако се случи, ми остава горчлив вкус“, заклучи тој.
Мбапе ја заврши минатата сезона како најдобар стрелец во Ла Лига со 25 гола и во Лигата на шампионите со 15, но не освои голем трофеј со Реал Мадрид. Во текот на летото, тој стана и најдобар стрелец во историјата на светските првенства со 22 гола во три настапи на турнирот. Доделувањето на Златната топка ќе се одржи на 26 октомври во Лондон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
