Французинот Ремон победник на Охридскиот маратон, Поп Ацев во фото-финиш до третото место (ФОТО)

Французинот Аксел Ремон е победник на јубилејното 50. издание на Охридскиот пливачки маратон кој денеска се одржа на 25 километри долгата патека „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид.

Ремон, маратонот кој се пливаше во рамките на светската ФИНА серија, го исплива со време од 5:10.31 часа, на крајот завршувајќи пред Едоардо Стокино од Италија (5:10.32), и најдобриот македонски маратонец Евгениј Поп Ацев кој со време од 5:10.34 часа, во фото-финишот заврши на третото место.

Четвртопласиран беше Холанѓанецот Марсел Шутен, а на петтото место заврши Аргентинецот Матијас Диаз Хернандез.

Во женска конкуренција од седум пливачки славеше Осеан Касињол од Франција.

Се вчитува...