Фросиноне ја изненади Сампдорија

Фросиноне направи големо изненадување совладувајќи ја Сампдорија на гости со 0-1. Тоа е само трета победа за Фросиноне оваа сезона, но втора во последните две кола, со што овој тим покажува амбиции за бегство од опасната зона. Даниел Циофани во 25.минута го постигна победничкиот погодок за гостите.

Аталанта со пресврт стигна до триумф против Спал. Петања донесе водство за гостинскиот состав, а Иличиќ и Запата го направија пресвртот. Торино го совлада Удинезе со 1-0, со голот на Ола Аина.

Се вчитува...