Фудбалер на Баерн заминал на модна недела во Париз, Салихамиџиќ бесен: Тоа е аматерски…

Баерн синоќа благодарение на голот на Џошуа Кимих во 90. минута, избегна пораз од Келн. Одамна работите во „Баварците“ не одат во посакуван правец. Тренерот Јулијан Нагесман одамна ја нема ситуацијата под контрола, а пред неколку дена „жртва“ беше тренерот на голманите Тони Тапаловиќ, кој наводно бил „кртот“ во соблекувалната на „Баварците“.

Фудбалерите му откажуваат послушност, па Мануел Нојер ја скрши ногата на скијање, иако на играчите им е забрането да се занимаваат со друг спорт. Последниот случај е со крилниот играч Серж Гнабри, кој слободниот ден го искористил со тоа што отпатувал во Париз на модна недела.

Гнабри два дена пред натпреварот се одлучил да оди во Париз, па да се врати истиот ден. Иако Нагелсман кажа дека слободното време може да го користи кој како сака, на овој потег збесна спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.

„Тоа е точно она кое не го сакам. Целосно аматерски. Тоа е она што Баерн не е. Кога имаш слободен ден, си го добил за да се одмориш и следниот ден да го дадеш максимумот. Мораме да разговараме“, рече Салихамиџиќ.

Се вчитува...