Фудбалската репрезентација на Македонија денеска го имаше првиот собир за настап на новото издание на Лигата на нации за кое првпат ќе бидеме дел од Б-дивизијата.
Македонија циклусот го отвора на 26. септември против Швајцарија во Скопје, по што следуваат гостувањето кај Словенија на 29. септември во Љубљана, домашниот натпревар против Шкотска на 3. октомври и вториот дуел со Швајцарија, на гостински терен во Луцерн на 6. октомври.
Седлоски се одлучи за список од 28 фудбалери, меѓу нив четворица дебитанти, Анес Мељичи од Шкендија, Ѓорѓе Џеков од Силекс, Матеј Гаштаров од Црвена Звезда и Христијан Малески од Струга ТЛ. Поради повреда натпреварите ќе ги пропушти дефанзивецот на Левски, Никола Серафимов, a во однос на претходните собири недостасува и офанзивецот Милан Ристовски.
Повратник во репрезентативните редови е и Бојан Илиевски, кој сега игра за албанска Тирана.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
