Фудбалерите на Порто драмата во Мадрид ја гледаа во авион (ВИДЕО)

Порто му се приклучи на Клуб Бриж во нокаут-фазата од Лигата на Шампиони по вчерашниот триумф со 4-0 против белгискиот противник и ремито помеѓу Атлетико Мадрид и Баер Леверкузен (2-2) во Шпанија.

Атлетко пред своите навивачи два пати губеше од Германците, но успеа да врати во мечот, а во 99. минута имаше и шанса за победа по големата драма во која судијата прво досуди крај, а потоа ги врати играчите назад на теренот за изведување на пенал, но трагичар беше Караско кој не успеа да реализира.

Драмата во Мадрид во авионот ја проследија и фудбалерите на Порто, а промашувањето на Караско и пласманот помеѓу најдобрите 16 клубови од Европа лудо го прославија.

Се вчитува...