Фудбалерите отпатуваа за Лихтентштајн (ВИДЕО)

Репрезентативците на Македонија заминаа за Лихтенштајн каде во петок ќе го одиграа натпреварот од 7. коло во квалификациите за пласман на Светското првенство 2022 во Катар.

Атмосферата во тимот е одлична, а селекторот Боби Милевски во овој циклус од два натпревари нема да може да смета само на Енис Барди кој повреда забележа на мечот против Романија кој беше последен во септемврискиот прозорец.

Македонија во петок во 20.45 игра против Лихтенштајн, а три дена подоцна во Скопје ќе ја пречека Германија.

 

 

 

 

Се вчитува...