Фудбалерите сместени во хотелот „Радисон Блу“ во очекување на полетување од Цирих

ЕКИПА во Цирих, Швајцарија

Никола Ѓуровски

По проблемите со првично предвиденото полетување од Цирих за Скопје, поради дефект на предното тркало на авионот, македонските репрезентативци и комплетната фудбалска експедиција која беше во Швајцарија и Лихтештајн на вчерашниот квалификациски натпревар во Вадуз, е повторно вратена на аеродромот во Цирих каде ќе го очекува решението на проблемот.

Според последните информации, македонската експедиција во Скопје ќе се враќа со друг авион. Па, во очекување на подготвеноста на истиот Фудбалската федерација на Македонија одлучи да овозможи одмор за фудбалерите во хотелот „Радисон Блу“ кој е во рамките на аеродромот во Цирих.

reprezentativci 2

Фудбалерите ќе бидат сместени во хотелот „Радисон Блу“ наредниот период се до прецизното дефинирање на новиот термин за полетување од Цирих.

Се вчитува...