Фудбалерките до 19 години ја совладаа и Ерменија

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години го забележа и вториот триумф во квалификациите за Европското првенство Б лига. Откако пред три дена младите девојки го совладаа Луксембург (4-0), денеска тие беа подобри и од Ерменија со 6-0.

Села во 22. минута донесе водство за Македонија од 1-0, а до полувремето беше и 2-0 откако во судиското надополнување стрелаше Панеска од пенал. Нашата најдобра фудбалерка Села со два гола во 48. и 63. минута стигна до хет-трик носејќи водство за Македонија од 4-0. До крајот до хет-трик стигна и Панеска која со два гола ги постави конечните 6-0.

Македонија ја очекува на 30. октомври одлучувачкиот меч за првото место против репрезентацијата на Украина која исто така оствари две победи.

Се вчитува...