Фудбалерките до 19 години подобри од Лихтенштајн

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години го совлада Лихтенштајн со 0-2 во УЕФА квалификацискиот турнир.

Водство за „црвено-жолтите“ девојки донесе Божиноска во 39. минута. Кузманоски доби директен црвен во 51. минута, но и тоа не беше проблем за нашите девојки, кои преку Милчевска во 68. минута ги поставија конечните 0-2.

Во второто коло во сабота ќе се сретнеме со Молдавија во 17.30 часот, а последната средба ја играме против домаќинот Словенија на 12. април, со почеток од 16.30 часот.

Се вчитува...