Фудбалерките добија „соседска група“ во Лигата на Нации

Женската фудбалска репрезентација на Македонија ги дозна противнииците во премиерното издание од Лигата на Нации во женска конкуренција, по ждрепката што денеска беше организирана од страна на УЕФА.

„Црвено-жолтите“ добија соседска група, па така се најдоа во друштво на селекциите на Косово и на Бугарија, со кои ќе водат битки за првото место во групата. Македонија е дел од Ц групите во Лигата на Нации и ќе биде дел од единствената група што ја сочинуаат само три селекции, па преку четири меча со Бугарија и Косово (по два со сите ривали) ќе се обиде да обезбеди место во Б-рангирањето од ова нтпреварување.

Ц1: Малта, Молдација, Летонија, Андора

Ц2: Турција, Луксембург, Литванија, Грузија.

Ц3: Азербејџан, Црна Гора, Кипар, Фарски Острови.

Ц4: Израел, Естонија, Казахстан, Ерменија.

Ц5: МАКЕДОНИЈА, Косово Бугарија.

Согласно пропозициите на УЕФА, сите победници на групите автоматски обезбедуваат промоција во Б-дивизијата, додека трите најдобри второпласирани селекции ги очекуваат бараж дуели со трите најдобри третопласирани селекции од групите од Б-лигата.

Се вчитува...