Фудбалерките на Љуботен ја прегазија Саса за прв куп-трофеј во историјата!

Фудбалерките на ЖФК Љуботен го освоија трофејот во Купот на Македонија, откако во денешното финале во Ѓорче Петров убедливо славеа против бранителот на титулата ЖФК Каменица Саса со 4-0.

За Љуботен ова е прв куп-трофеј, како дополнение на минатогодишната прва шампионска титула и во првенството.

Три од четирите денешни гола беа дело на Бразилките во редовите на Љуботен. Делгадо го отвори резултатот во 18. минута, Гоја две минути подоцна зголеми на 2-0, а Едите Силва во 51. минута веќе и дефинитивно означи кој ќе го освои трофејот. Последниот гол беше дело на Бојана Петкова за убедлив триумф и трофеј во најмасовното домашно клупско натпреварување.

Љуботен сезонава ќе се бори и за освојување на двојната круна. Фудбалерите на Љуботен во моментов се први во Првата лига со бод предност во однос на конкурентките, пред последните две кола во шмпионатот против Шкендија и против Каменица Саса.

Се вчитува...