Фудбалерките на Тиверија и на Драгон ќе играат во финалето на Купот

ЖФК Тиверија Струмица и ЖФК Драгон во репризата од ланското финале ќе ги одмерат силите во финалниот меч од Купот на Македонија во женска конкуренција. Финалната пресметка е закажана за наредниот четврток во Кочани.

Тиверија денеска и вторпат го совлада составот на ЖФК Прилеп со 1-4 на гостински терен и со вкупен резултат 10-1 се пласира во големото финале. Два гола за Тиверија на овој натпревар постигн Николовска, а по една во листата на стрелците се запишаа Димоска и С. Велкова.

Се вчитува...