Фудбалерките подобри од Косово

Женската фудбалска репрезентација на Македонија славеше победа против Косово со 3:1 на првиот контролен меч меѓу двете селекции одигран на тренинг центарот “Петар Милошевски”.

Нашите фудбалерки доминираа во голем дел од мечот и заслужено стигнаа до триумф. Во главна улога беше Ленче Андреевска, која постигна два гола, додека еднаш меѓу стрелците за Македонија се запиша и Хафа Музтафа.

Двете репрезентации во Приштина на стадионот “Вадиљ Вокри” ќе одиграат втор контролен натпревар на 27. јуни.

Се вчитува...