Фудбалерките повторно поразени од Австрија

Женската фудбалска репрезентација на Македонија по вторпат во евроквалификациите загуби од репрезентацијата на Австрија, овој пат на домашен терен со 0-3.

Во натпреварот во кој во нашиот состав недостигаа Наташа Андонова и Романа Трајковска, избраничките на Изов одиграа солиден меч против фаворизираната Австрија. Натпреварот беше израмнет се до 35. минута, кога гостинките со голот на Била од пенал дојдоа до водство од 0-1. Во судиското надополнување во првото полуврем Австријките преку Задразил зголемија на 0-2. Конечните 0-3 ги постави Данст во 77. минута.

Избраничките на Кирил Изов остануваат на четвртата позиција на табелата во групата Г со три освоени бода кои ги запишаа со победата над Казахстан. Следниот меч од квалификациите за Европското првенство 2021 година, Македонија го игра на 6. март следната година на гости кај Србија.

Се вчитува...