Фудбалерките ремизираа против Косово

Женската фудбалска репрезентација нa Македонија ремизираше (3-3) против соодветната селекција на Косово на вториот пријателски натпревар. Во дуел со многу пресврти, Косово поведе со два гола разлика, потоа Македонија беше пред победа, но во последните мигови сепак беше поставен конечниот резултат, 3-3.

Косово поведе со головите на Ука и на Бесјана во деветтта минута од вториот дел, но Крстаноска и Ристовска од пенал израмнија на 2-2. Николовска погоди во финишот за водство на Македонија, но веќе во следниот напад Мемети израмни на 3-3.

Се вчитува...