Фудбалерките за првпат ќе играат на Арената, хендикеп е отсуството на Наташа Андонова

Женската фудбалска репрезентација на Македонија за првпат ќе игра квалификациски натпревар на арената „Тодор Проески“ во Скопје. Мечот против Австрија е закажан за в петок во 18 часот, а селекторот Кирил Изов ќе ја нема на располагање најдобрата фудбалерка Наташа Андонова поради повреда.

„Ги започнуваме мини подготовките пред претстојниот натпревар против Австрија во петок во Скопје. Морам да кажам дека за овој натпревар не можам да сметам на капитенката Наташа Андонова и Романа Трајковска поради повреди, што претставува сериозен хендикеп за нас, но верувам во девојките кои се тука и сметам дека и покрај квалитетот на противникот имаме сили и квалитет достојно да се спротивставиме. Со оглед на тоа што за првпат играме еден квалификациски натпревар на Националната арена во Скопје, ги повикуваме љубителите на фудбалот во што поголем број да дојдат и да дадат поддршка на нашата репрезентација, а од наша страна ветуваме голема борба и убава фудбалска претстава“, изјави селекторот Кирил Изов.

Се вчитува...