Фудбалерките загубија од Косово на вториот тест во Скопје

Женската фудбалска репрезентација на Македонија загуби од селекцијата на Косово со 0-2 (0-0) на вториот пријателски натпревар кој се одигра во Скопје.

По ремито без голови на првиот тест дуел, македонските девојки кои настапуваат во подмладен состав денеска потклекнаа пред противничките од Косово. Двата погодоци гостинките ги постигнаа во последните 15 минути од натпреварот.

Македонија настапи во следниот состав Викторија Панчурова, Даниела Велевска, Драгана Колевска, Јилза Максути, Александра Марковска, Ели Јаковска, Јана Чубриновска, Романа Трајковска, Маја Ангеловска, Хава Мустафа и Павлинка Николовска, а играа уште и Магдалена Лековска, Александра Поповска, Елена Паневска, Марина Митревска, Мила Талевска, Сара Коларовска, Марија Белистојановска, Мартина Боглева и Ангела Стојковска.

Се вчитува...