Фудбалерот на Лече надвор од животна опасност

Фудбалерот на Лече, Мануел Скавоне, се наоѓа надвор од животна опасност по ноќта мината во болница, откако падна во бессознание по само 30 секунди игра на синоќешниот меч со Асколи од Серија Б. Тој падна како покосен на теренот и веднаш беше префрлен во болница.

Сепак, неговата здравствена состојба сега е стабилизирана и тој се чувствува добро, но поради мерки на внимателност ќе остане под строг лекарски надзор.

Натпреварот меѓу Лече и Асколи беше прекинат по само 30 секунди и е одложен.

Се вчитува...