Фудбалот оживеа и кај нас, празните трибини одамна ни се „нормалност“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

По петмесечна пауза, повторно фудбал во Македонија. Стартуваше новата сезона 2020/21 во Првата лига, а првото коло донесе многу голови и возбудувања. Силекс покажа „сила“ на Беласица, Вардар е очаен и загуби од Борец, ама и Шкендија не е сјајна и не доминираше на Чаир.

Се уште е рано за резултатските предвидувања, но едно е јасно – кај нас празните трибини одамна се „нормалност“. И во тој дел, протоколите за заштита од Covid-19 секако драстично не ја менуваат сликата. Жално е што сега и оние малку запаленковци за домашен фудбал седат дома и мораат да гледаат на ТВ или на интернет. Сепак, ќе се преживее некако и овој период, најважно е што македонскиот фудбал – оживеа!

 

 

 

Се вчитува...