Фудбалска дружба кај Истатов

Во организација на поранешниот потпретседател на прилепска Победа и голем вљубеник во фудбалот, Кирил Самарџиоски, инаку сопственик на Прилепска пивара, во мотелот „Истатов“ во Дојран беше организирана интересна фудбалска дружба со поранешните фудбалери на Победа кои во свое време играа заедно со легендата на македонскиот фудбал, голманот Благој Истатов и кои иако не потекнуваат од фудбалската школа на Прилеп дадоа голем придонес за успесите на Победа. Заедно со Благој Истатов, кој го чуваше голот на Победа беа и неговите соиграчи од разни генерации. Голгетерот на Победа Ристо Глигоровски, Ванчо Дрвошанов, Александар Трајков, Благој Митев и Стојан Арсов.

На собирот гости беа познатиот поранешен струмички фудбалер Томе Семенков, кој требаше да игра за Победа но во последен момент потпиша за Работнички како и поранешниот селектор на репрезентацијата на Македонија, нашиот најтрофеен тренер Ѓоко Хаџиевски.
М.М.

Се вчитува...