Фудбалска „грозница“ за СП: Хрватска сака победа без примен гол

Репрезентацијата на Хрватска вечерва го пречекува националниот состав на Грција, во Загреб ќе се одигра првиот меч од двобојот во рамките од баражот за пласман на Светското првенство 2018 година. Некогашниот европски шампион ќе биде пречекан од преполниот „Максимир“ (хрватските медиуми потврдија дека арената е распродадена, се очекуваат 28.500 гледачи).

„Коцкестите“ во улога на фаворити ќе атакуваат на сигурна победа, без примен гол во својата мрежа за на реваншот во Атина да отидат со „мирни“ глави. Под водство на новиот преводник Златко Далиќ, Хрватска покажа добра игра против Украина, па се очекува и од него, и од фудбалерите да продолжат во ист ритам и вечерва.

Сепак, улогата на фаворит за нив не значи ништо, особено за капитенот Модриќ, кој очекува мечот да биде тежок, со многу цврстина.

„Не е важно дали сме фаворити, само сакаме да оствариме сигурна победа, без примен гол. Можеме да создадеме шанси, тоа е неспорно, најважно е да бидеме мирни и сконцентрирани во секоја минута од средбата. Јасно е дека не очекува тврд натрепвар, со многу борба, но ќе имаме голема поддршка од трибините, и треба да ја искористиме како најголем мотив за победа“, вели Модриќ.

Според најавите, Хрватска на терен ќе излезе во претпознатливата формација, 4-2-3-1, со тоа што Марио Манџукиќ ќе има улога на лево крило, додека Андреј Крамариќ ќе биде „деветка“.  Перишиќ ќе се заканува од десната страна, додека Брозовиќ ќе биде конекцијата на офанзивците со диригентите од средината, Модриќ и Ракитиќ. Задната линија ја сочинуваат Врсаљко, Ловрен, Вида и Стриниќ, а штоперското дуо Ловрен – Вида по петти пат во селекцијата ќе бидат „ѕидот“ пред чуварот на мрежата Субашиќ.

Ведран Чорлука веќе долго време не во репрезентативниот круг, додека Милан Бадељ поради повреда нема да биде достапен за тимот.

Репрезентацијата на Грција пак, посакува трет пласман на мундијалот во низа, откако на СП 2010 и 2014 се пласираа преку бараж натпреварите – Во 2010 година ја елиминираа Украина со вкупен резултат од 1-0 по двата меча, додека во 2014 година беа подобри од Романија со домашната победа од 3-1 и ремито од 1-1 беа и повеќе од доволни за влез во групната фаза.

Во текот на квалификациите нивната игра не ветуваше, но во завршната фаза се изборија за важни победи над Гиблартар и Кипар, па како второпласирана репрезентација во својата група го обезбедија баражот против Хрватска. Сепак, пред тие две победи Грција одигра шест меча без триумф, што значи дека нападот на Скибе не функционира како што треба, па сето тоа наведува дека нашиот јужен сосед вечерва ќе се обиде прво да го сочува својата мрежа, пред да се обиде да ја затресе на домаќинот.

„Се надеваме на добар резултат, ќе биде добро ако успееме да постигнеме гол, кој за реваншот може да ни биде златен доколку оствариме пласман на СП. Нема репрезентативец кој не сака да игра на мундијалот, па и јас како селектор најголема желба ми е да ја водам репрезентацијата на најголемото фудбалско натпреварување. Од тоа нема поголема мотивација, па затоа ќе играме како да е финале. Треба да ни биде јасно дека Хрватска од сите страни ќе се заканува, толку се моќни и квалитетни. Врни организатори, врни напаѓачи кои се закануваат и со глава и со нога. Ќе биде тешко, но не стигнавме до тука за сега да се предадеме“, изјави селекторот Скибе.

Предупредувачките зборови на Скибе се оправдани, знаејќи дека Грција има доста проблеми со изостаноците. Клучниот дефанзивец, Костас Манолас намерно заработи жолт картон против Кипар, па ФИФА дополнително го суспендираше. Играчот за врска Петрос Мантолас заработи тешка повреда, па е надвор од изборот за мечот, истото важи за младиот напаѓач Тасос Донис, но повредата не е толку сериозна.

Најавени состави:

Хрватска: Субасиќ, Врсаљко, Ловрен, Вида, Стриниќ, Модриќ, Ракитиќ, Брозовиќ, Перишиќ, Манџукиќ и Крамариќ.

Грција: Карнезис, Торосидис, Сократис, Пападополус, Цавелас, Циолис, Самарис, Фортунис, Стафилидис и Митроглу.

Се вчитува...