Англискиот премиерлигаш Фулам се очекува наскоро да стигне до потпис на два нови фудбалери со кои ќе биде комплетиран летниот преоден рок, пренесуваат англиските медиуми.
Станува збор за фудбалерите на Милан и Шахтјор, Саму и Кевин кои ги покриваат крилните позиции. Лондонскиот клуб ќе издвои 25 милиони евра за фудбалерот на италијанскиот тим, а 40 милиони евра за оној на Украинците.
Фулам новата сезона ја започна со две ремиња против Брајтон и Манчестер Јунајтед, натпревари кои завршија со 1-1. Клубот оваа сезона има голема амбиција да избори излез во европските натпреварувања па ангажманите на овие двајца се очекува да бидат од голема помош во тоа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

