Габриел Жезус официјално промовиран во Барселона (ФОТО)

Габриел Жезус и официјално промовиран како нов фудбалер на Барселона од каде потврдија дека е постигнат договор со Арсенал за трансферот на 29-годишниот бразилски напаѓач.

Жезус потпиша тригодишен договор со Барселона, до 30 јуни 2029 година, откако каталонскиот тим исплати околу 10 милиони евра.

Барселона ова лето остана без Роберт Левандовски и Феран Торес, па Жезус доаѓа како освежување за нападот. Примарна желба на Барселона беше Хулијан Алварез, но трансферот од Атлетико Мадрид не се реализираше.

Се вчитува...