Гатје голем во поразот: Ова боли, но ќе се вратам посилен

Џастин Гатје го загуби најголемиот меч во досегашниот дел од неговата кариера, откако во втората рунда беше „угушен“ од Нурмагомедов. Сепак, за разлика од последната „војна“ меѓу Хабиб и Конор Мекгрегор, американскиот борец се покажа како беспрекорен спортист, па меѓу првите пријде и го утеши Нурмагомедов додека тој низ солзи му ја посветуваше победата на својот татко и објави крај на кариерата.

„Му реков реков дека досега немав можност да му кажам колку ми е жал за смртта на неговиот татко. Исто така, дека татко му е бескрајно горд на него“, откри Гатје.

Што се однесува до борбата, Американецот можеше само да му честита на поквалитетниот противник.

„Поразот боли и ќе морам да најдам начин да се носам со него. Имам самодоверба, вложив многу во себе и знам дека луѓето ја ценат мојата работа. Ќе се вратам посилен“, истакна американскиот борец.

Се вчитува...