Галијани: Монца веќе има напаѓач, во овој клуб нема место за играч како Икарди

Мауро Икарди веќе подолго време се поврзуваше со трансфер во редовите на Монца, но засега нема ништо од таквата реализација.

Монца ова лето донесе дури 13 засилувања, а Икарди сигурно нема да биде нивно ново име. Тоа го потврди и директорот на клубот, Адријано Галијани.

„Нема да го доведеме Икарди, запаметете ги моите зборови нема шанси. Не ни е потребен друг напаѓач после Андреа Петања, едноставно нема место“, изјави Галијани.

Петања беше последното засилување за Монца кое пристигна од Наполи.

Се вчитува...