Галијани не може без Ѓоковиќ – Гледам негови репризи по цел ден

Еден од најуспешните луѓе од светот на фудбалот и поранешен директор на Милан, Адријано Галијани, вели дека периодот во карантин го поминува со гледање на репризи од тениските мечеви на Новак Ѓоковиќ.

„Гледам репризи од мечевите на Новак Ѓоковиќ и некои легендарни натпревари на Милан. Едноставно го обожавам Ноле. Имам во станот врамено негова маица со посвета. Новак се уште е голем миланиста исто како мене“, изјави Галијани. 

Галијани последните два месеци поради пандемијата од коронавирусот ги помина во својот дом во Милано.

Се вчитува...