Гараев: Не знаеме ништо за Силекс, Карабах не смее да се опушти

Шампионот на Азербејџан, тимот на Карабах, многу внимателно му приоѓа на дуелот од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите со Силекс. Иако важат за фаворити, фудбалерите на Гурбан Гурбанов велат дека немаат доволно информации за квалитетите на кратовскиот состав. Играчот за врска, Гара Гараев, вели дека Карабах не смее да се опушти само по најавите дека е фаворит на мечот.

„Тешко е да се каже нешто бидејќи ние всушност не знаеме буквално ништо за Силекс. Ќе се обидеме да собереме информации во наредните денови, но во овој момент навистина не знаеме каков фудбал играат, со какви фудбалери располагаат, кои се нивните добри и лоши страни. И не треба да не залажува фактот дека не прогласија за фаворити на мечот, мора максимално добро да се подготвиме затоа што сите во Европа сега играат квалитетен фудбал“, изјави Гара Гараев.

Според годинашните изменети пропозиции поради пандемијата на коронавирусот, во првото коло од квалификациите за ЛШ ќе се игра еден натпревар, а домаќин ќе биде Карабах.

Се вчитува...