Алехандро Гарначо кариерата ќе ја продолжи во Челси откако „сините“ успеаја да постигнат договор со Манчестер Јунајтед за трансфер на некогашната голема надеж на славниот англиски клуб.
Трансферот ќе го чини Челси 40 милиони евра со тоа што на Манчестер Јунајтед ќе му следат и 10 отсто од следниот трансфер. Тој е веќе во Лондон каде наскоро ќе ги помине медицинските прегледи пред да потпише седумгодишен договор.
Ова лето постоеше голем интерес за отпишаниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, но 21-годишникот инситираше на трансфер во Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

