Кевин Гарнет откри неверојатна приказна од почетокот на својата НБА кариера, кога неговиот агент без негово знаење одбил понуда вредна 122 милиони долари.
Легендарниот кошаркар на Минесота Тимбервулфс бил на одмор на Јамајка, додека неговиот агент ги водел преговорите со тимот за неговиот нов договор.
Тој открива дека бил шокиран кога во весник прочитал дека одбил понуда тешка 122 милиони долари.
„Седнав да појадувам, го отворив весникот и првата приказна беше „Гарнет одбива 122 милиони“. Се шокирав“, открива Гарнет.
Гарнет бил лут бидејќи агентот не го информирал и не му „дозволил“ тој да ја донесе одлуката.
„Проблемот беше што јас никогаш не добив шанса да одбијам нешто. Агентот го направи тоа наместо мене“, објасни поранешниот НБА шампион.
По враќањето во САД, Гарнет веднаш разговарал со својот агент. Според неговите зборови, агентот се обидел да му објасни дека таквиот начин на преговарање е дел од процесот, но Гарнет одлучил да го отпушти својот агент.
„Веројатно ќе ги прифатев тие 122 милиони. Но, тој ме туркаше и ме учеше како функционира бизнисот со кошарката“, рече Гарнет.
На крајот Гарнет доби уште подобар договор, потпиша на шест години со Минесота за 126 милиони долари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
