„Гаштаров ми кажа дека со душа чека да настапи за Македонија“

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Гоце Седлоски денеска го објави списокот за новото издание на Лигата на нации во која нашата селекција за првпат ќе биде дел од Лигата Б.

Во овој прозорец не очекуваат четири натпревари, а почнуваме против Швајцарија на домашен терен на 26. септември, а потоа следуваат мечеви со Словенија нагости (29. септември), Шкотска дома (3. октомври) и реваншот со Швајцарците на 6. октомври на гостински терен.

На прес-конференцијата се зборуваше и за ситуацијата со Матеј Гаштаров…

„Гаштаров го гледам во средината, но може да одговори на повеќе позиции. Србите пробуваат да ни го земат, но тој ми кажа дека „Со душа чека да дојде и да настапи за Македонија. Мислам дека ова момче ќе се појави во понеделник на собирот и ќе биде со нас“, изјави Седлоски. 

Се вчитува...