Македонската фудбалска репрезентација денеска официјално го означи почетокот на подготовките за настапот во Б-дивизијата од УЕФА Лигата на нации каде за противници ќе ги имаме Швајцарија, Словенија и Шкотска.
Избраниците на селекторот Гоце Седлоски се собраа во Скопје каде први пристигнаа дебитантите предводени од големиот талент на македонскиот фудбал, Матеј Гаштаров. По одличните клупски настапи, првотимскиот статус и забележителната минутажа во Црвена звезда, 19-годишниот фудбалер доби повик во националниот тим.
„Секако дека сум пресреќен што сум овде. Чест и привилегија е да се биде тука. Дали очекував се ова да ми се случи за само еден месец. И клупска минутажа, првотимски статус, Европа, а еве сега и А репрезентација. Искрено не. Но кога ете сето тоа ми се случи, со цела сила се посветувам на предизвикот. За ова работев сиот овој период. Не чека тешка задача но подготвен сум. Сигурен сум дека одлично ќе бидам прифатен од страна на постарите“, изјави Гаштаров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
