Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо, е оптимист дека неговиот тим може да стигне до триумф на утрешното финале во Купот на Италија и со трофеј да ја круниса оваа турбулентна сезона. Ривал во големото финале ќе биде актуелниот првак Јувентус, но по елиминацијата на Интер избраниците на Гатузо со оптимизам ќе влезат во дуелот со „старата дама“.
„Никогаш не е добар момент да се сретнете со Јувентус, победничкиот дух е најсилниот адут на овој клуб. Ние го почитуваме Јуве, но сигурно не му се плашиме. Горд сум на моите фудбалери, на начинот на кој одговорија на сите предивици и очекувам уште една одлична партија. Ќе дадеме се од себе за да ги израдуваме навивачите“, порача Гатузо на денешната прес-конференција.
За очекување е стратегот на „наполитанците“ да направи најмалку три замени во тимот во однос на последниот меч со Интер. Голманот Мерет ќе застане на голот на местото на суспендираниот Оспина, Калјехон е најавен во ударното трио наместо Политано, а Елиф Елмас би требало да се пресели на клупата за резерви и да му го отстапи своето место на Фабијан Руиз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА