Гатузо: Пјатек е како „Робокап“, а Игуаин можеше да даде повеќе за Милан

Џенаро Гатузо е подготвен да му даде шанса на Кжиштоф Пјатек да дебитира за Милан веќе на неделното дерби со Наполи откако полскиот напаѓач го импресионираше тренерот на „росонерите“ уште на првиот тренинг со новиот клуб.

„Пјатек изгледа како „Робокап“, тој е момче што малку зборува, а сака што повеќе да покаже на теренот. Изгледа одлично од физички аспект, дојден е со огромен ентузијазам и мислам дека може да ни биде од голема помош“ – истакна Гатузо, по што стратегот на Милан го прокоментира и заминувањето од Милан: „Тој останува во минатото, си направи избор, а наше е да одиме напред. Гонзало ми остави позитивни впечатоци, верувам дека можеше да даде и повеќе за Милан, но и ние можевме да создадеме повеќе шанси за него“ – истакна Гатузо.

Воедно, шефот на стручниот штаб на Милан ги повика навивачите на овој клуб коректно да навиваат и да не го повторат однесувањето на тифозите на Интер, кои на последното гостување на Наполи во Милано расистички го навредуваа Кулибали.

„Нашите навивачи отсекогаш им аплаудирале на големите шампиони, а Кулибали е еден од најдобрите дефанзивци во светот, очекувам фер-однос кон него. Дури и доколку се случи неколку имбецили да се обидат расистички да навредуваат, очекувам останатите 60.000 навивачи со аплаузи да ги покријат тие свирежи. Тоа е начинот на кој треба да функционираат навивачите на Милан“ – порача Џенаро Гатузо.

Се вчитува...