Гави му кажа НЕ на Манчестер јунајтед

Мајкл Керик ссака да доведе уште едно квалитетно засилување во средниот ред на Манчестер јунајтед летово, но тоа нема да биде Гави откако шпанскиот репрезентаивец ја одби понудата на „црвените ѓаволи“.

Челниците на Јунајтед почнаа разговори со агентот на Гави, како и со раководството на Барселона откако Керик побара токму овој фудбалер да биде последното делче во неговиот мозаик во Манчестер, избирајќи го младиот Шпанец пред Камавинга од Реал Мадрид.

Весникот „Мирор“ тврди дека преговорите траеле кратко бидејќи англискиот тим не успеал да го убеди самиот фудбалер да се приклучи на проектот. Воопшто не станало збор за пари, бидејќи Гави јасно ставил до знаење дека приоритет му е останување во Барселона и освојување на трофеи со каталонскиот гигант.

Конкуренцијата во тимот ќе биде значително зголемена со доаѓањето на Родри, но Гави е подготвен да се бори за минути во тимот на Барса и јасно ставил до знаење дека преселба на „Олд Трафорд“ не е опција за него летово.

Се вчитува...