Гави уште како тинејџер беше најавуван како нов бисер на шпанскиот фудбал, големиот ас од најраната фаза на кариерата блескаше и на клупски и на репрезентативен план, но двете тешки повреди на коленото го нарушија неговиот ритам.
Тој сега повторно е здрав, но се мачи да се избори за првотимски статус во Барселона каде конкуренцијата во средниот ред стана уште пожестока со трансферот на Родри од Манчестер Сити. Гави во изјава за шпанските медиуми се осврна на различни теми, говорејќи и за притисокот што со себе го носи професионалниот фудбал.
„Да бидам искрен, сега притисокот е далеку поголем отколку кога имав 17 години. Тогаш бев само дете, толку млад, некој што само сака да игра и да ужива на теренот. Сега ситуацијата е многу поинаква, повредите ме научија на фудбалот, но и на животот да гледам многу посериозно, да разгледувам повеќе различни аспекти при донесувањето на секоја одлука. Повредите беа удар за мене, но исто така и ме научија за многу работи, да си поставувам цели и истите да ги исполнувам, да размислувам и за други работи освен за фудбалот. Можам да кажам дека многу подобро се грижам за своето тело сега отколку кога ја почнував кариерата“, вели Гави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
