Барселона доминантно стигна до триумф над Елче за импресивен старт на сезоната, на кој дамка остави единствено повредата на Гави.
Шпанскиот плејмејкер кој има бројни малери со повреди во последните сезони настрада по еден дуел, па жалејќи се на болка во коленото со солзи во очите го напушти теренот. Утрово врз него беа извршени детални прегледи кои донесоа одлична вест – воопшто не станува збор за оштетување на лигаментите или на менискусот, туку само за силен удар во пределот на коленото.
Затоа, паузата нема да биде премногу долга, Гави нема да тренира во следните два дена, а не се исклучува можноста тој да се најде во тимот за мечот со Атлетик Билбао закажан за в четврток.
Одлична вест за тренерот Ханси Флик е што Родри веќе почна да тренира со полна пареа со остатокот од тимот, па се очекува МВП фудбалерот од последниот мундијал токму против Атлетик да го има своето деби во дресот на каталонскиот гигант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
