Македонскиот интернационалец, Георг Стојановски својата кариера ќе ја продолжи во катарски Лусаил.
Според информациите, Стојановски веќе е во Катар каде очекува потпис на двегодишен договор.
Македонскиот напаѓач претходно играше и во редовите на Хата во ОАЕ, а минативе две сезони беше дел од бугарскиот прволигаш Спартак Варна, каде тренер беше поранешниот македонски селектор Ѓоко Хаџиевски кој исто така замина од клубот.
Стојановски во македонското првенство играше за Вардар, Тетекс, Шкупи и Работнички.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
