Македонскиот интернационалец Георг Стојановски, го постигна вториот гол во второто коло во бугарскиот шампионат за својот тим Спартак Варна, кој успеа да го совлада тимот на Черно Море на гостински терен со 0-3.
Стојановски го постигна вториот гол, откако го надмудри својот чувар, и рутински стрелаше во мрежата на противникот.
За Стојановски ова беше вториот гол, после оној во првото коло кога погоди од половина терен против софиска ЦСКА 1948 Софија.
Голот на Стојановски постигнат против Черно Море може да го погледнете на следниот ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
