Вардар со 33-28 го совлада тимот на Алкалоид, и така ќе игра во големото финале во Купот на Македонија против Охрид во недела во салата „Парк“ во Струмица.
„Црвено-црните“ лошо го почнаа мечот, откако му дозволија на противникот да поведе со 5-2, но потоа го стигнаа, успеаја да поведат, а по израмнетиот прв дел, Вардарци во вториот демонстираа моќ, дојдоа до одлична разлика, која само ја одржуваа до крајот на мечот за да нема неизвесност околу победникот.
Капитенот Гоце Георгиевски смета дека разликата направена на стартот од второто полувреме беше клучна за победникот.
„Беше тежок и добар натпревар. Игравме против тим кој добро го познаваме. Второто полувреме пресуди. Во првото полувреме гледавме нервозен ракомет. Во вториот дел го наметнавме темпото, направивме разлика и тоа беше решавачко. Да им честитам на момците на играта и во недела одиме на победа.“, изјави Георгиевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
