Герет Бејл разочаран од навивачите на Реал Мадрид – „Не е фер…“ (ВИДЕО)

Герет Бејл веќе неколку сезони е во немилост на навивачите на Реал Мадрид кои отворено покажуваат дека веќе не го сакаат во клубот. Бејл во кралскиот клуб стигна пред седум години како големо засилување на Тотенхем. За него проблемите почнаа уште пред две години кога навивачите на „Сантијаго Бернабеу“ почнаа да го исвиркуваат.

„Не е фер. Се случува да ме исвиркуваат 80.000 навивачи на стадионот бидејќи не играм добро. Најголемото прашање е што не можам да сфатам зошто тоа го прават навивачите. Ако на некој не му оди добро, навивачите треба да застанат на негова страна и да му дадат поддршка како би бил подобар. Но, мене ми се случува тотално спротивното. Константно ме исвиркуваат и од натпревар во натпревар се чувствувам се полошо“, изјави Бејл. 

 

Се вчитува...