Германија и Хрватска останаа без важни играчи пред ЕП

Германија и Хрватска, селекции кои најавуваат атак на медал на претстојното Европско првенство, се соочија со неочекувани проблеми поради повреди на важни ракометари.

Германците ќе мораат да се снаоѓаат без помошта на Фабијан Вајде, откако десниот бек на Фуксе Берлин заработи тешка повреда на рамото. Тој мораше да замине на операција и го очекува повеќемесечна пауза од терените, поради што е невозможно да се најде во составот за ЕП 2020.

Хрватска остана без помошта на левото крило Ловро Михиќ, по повредата што ракометарот на Висла ја заработи на првиот ден од подготовките. Михиќ беше најавуван како прва опција на оваа позиција по повлекувањето на Мануел Штрлек, но сега Червар ќе мора да бара „план Б“ за решение на овој проблем.

Хрватска ќе биде дел од групата А во Грац заедно со Србија, Црна Гора и Белорусија, додека Германија ќе се натпреварува во групата Ц во Трондхајм, каде за ривали ќе ги има Шпанија, Летонија и Холандија.

Се вчитува...