Македонија е горд домаќин на уште едно младинско кошаркарско првенство, овојпат за играчи до 16 години што се одржува во два града, Гевгелија и Скопје.
Токму Гевгелија е градот во кој нашите млади кошаркари ги играат своите натпревари, бодрени од публиката во салата „26 април“ од чии трибини македонските кадети ја добија неопходната поддршка при вчерашниот триумф над Кипар.
Првиот човек на мак-баскетот, Томица Главчев, успешен бизнисмен токму од Гевгелија, може да биде горд на нивото на организација од „куќата на кошарката“ на почетокот од овој шампионат. Главчев го следеше вчерашниот триумф во друштво на легендарниот Владо Илиевски, кој ја има директорската функција во федерацијата и со своите совети дава свој придонес за развој на македонската коошарка.

Денеска е нов ден, а Македонија во 18 30 часот ќе се сретнат со Исланд, селекција што синоќа во првото коло славеше над Украина. Денешниот натпревар многу лесно може да се покаже и клучен за пласман во следната рунда, селекторот Стојановски и кошаркарите се подготвени, но за радост и нов триумф неопходна ќе им биде уште поголема поддршка од трибините.
Гевгеличани низ годините покажаа дека знаат како се бодри Македонија, овој град беше домаќин и на сениорската репрезентација, а денеска ќе треба да застане зад М16 селекцијата, бидејќи триумф над Исланд широко би ги отворил вратите кон четвртфиналето на овој европски шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
